Категории

5 неверојатно оригинални подароци кои ќе ѝ го стоплат срцето

Кога станува збор за романтични подароци, многу мажи не знаат баш најдобро да се снајдат во изборот, кој би направил девојката да полета од среќа.

Да се биде романтичен не значи дека треба да се фрлаат илјадници денари. Затоа, ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни подароци кои ќе го стоплат срцето на секоја девојка.

1. Напишете ѝ писмо или љубовна картичка

Можеби не сте Шекспир, таа веќе го знае тоа. Понекогаш, момците кои не се баш најдобри во пишаниот збор, кога ќе се потрудат да ги стават своите чувства на лист хартија, знаат да направат чуда. Затоа пробајте и вие. Ако ви е тешко да ги искажете своите емоции и вербално и преку пишување, охрабрете се. Побарајте некои идеи и наинтерент. Со самото тоа што сте се обиделе да напишете неколку искрени реченици, вие веќе сте ја растопиле својата сакана. Тоа ќе ѝ покаже дека навистина давате сè од себе да ја направите среќна, а нема подобар подарок од тоа за секоја девојка.

2. Дизајнирате календар, перниче, модни додатоци

Оваа идеја бара отсликува големо внимание и посветеност. Денес е многу лесно преку голем број веб-сајтови да дизајнирате фотографии кои ќе го отсликуваат времето во кое сте започнале да се забавувате, нејзиниот роденден или слични прекрасни заеднички моменти и нив да ги поставите како тајмланј. Но, не застанувајте единствено на календар. Личниот печат од вашата девојка можете да го поставите на најразлични модни додатоци, ќебиња, перничиња, рамки за слики.

3. Изненадете ја

Украсете го креветот со ливчиња од роза, надувајте 12 балони и на нив залепете фотографии од најубавиот момент што сте го овековечиле во месеците зад вас. На секоја фотографија запишете по некоја романтична порака и искрена емоција и ќе го добиете најубавиот подарок за вашата девојка. Можете да ја пуштите фантазијата да работи и да смислите илјада начини како да го уредите овој уникатен подарок.

4. Органирајте пикник во природа

За ова изненадување ви се потребни само кошница со вино, две чаши, омилената закуска на вашата девојка и секако убаво црвено, карирано ќебе или чаршав. Можете од претходно да смислите некое убаво, романтично и тивко место во блискиот парк, на планина или можеби на плажа.

Прегледи:
365
Објавено на:
04.09.2016