Категории

5 причини зошто некои луѓе сѐ уште не можат да ја пронајдат љубовта

И покрај развојот на друштвените мрежи, осаменоста е еден вид пандемија. Околу 50% од возрасните луѓе имаат потешкотии во пронаоѓањето на партнер.

Одлучивме да споделиме со вас кои се најчестите причини кои доведуваат до тоа некои од вас да се со статус сингл веќе долго време.

1.Ја идеализирате врската
Секој има своја идеа за совршен однос: Некој можеби инспирација пронашол во некој љубовен филм, а некој друг можеби се инспирирал од книга. Но она за кое луѓе мечтаат е да се остварат нивните соништа за љубовта.
Треба да сфатите дека партнерот е вистинска личност, а не лик од книга. Кога ги посматраме во врската, тие имаат свои маани како и сите други.

2.Немате доволно самопочит
Почитувањето на себеси и другите луѓе е основа на секој однос, вклучувајќи ја и романтичната врска. Дали можете навистина да ја сакате личноста која не се почитува ни самата себеси? Оваа врска најверојатно ќе биде заснована врз чувство на вина и нема да донесе ништо добро нити за еден од партнерите.
Морате да ја пронајдете сопствената внатрешна поддршка со цел да си помгнете себеси и да престанете да бидете тажни и депресивни. Тоа може да биде нешто во што сте добри, хоби или спорт, знаење, нешто што ќе биде ваш водечки принцип и преку кое ќе можете да ја увидите вашата вредност. Не дозволувајте никој да ве натера да се посомневате во вашето значење.

3.Го нарушувате приватниот простор на другите луѓе
Во било која врска, треба да делувате во одредени граници. Ако не ви се допаѓа однесувањето на вашиот партнер, но не можете ништо да промените – би требало да направите избор, да останете со нив или да си заминете. Неможете да промените некого кој не сака да се промени.

4.Не простувате
Сите грешиме па и вие. Понекогаш може да се случи довербата да се загуби, но ништо не гарантира дека грешката ќе се повтори или не. Не бидете премногу строги кон другите нити кон себеси.
Не се обидувајте да се присувате себеси да ги прифатите нештата кои не ви се допаѓаат, но во исто време корисно да е бидете внимателни. Секој заслужува втора шанса.

5.Егоцентрични сте
Голем дел од личностите кои се сами се премногу сконцетрирани да себеси и на само на личните желби и интереси. Во врската тоа е не е така. Во врската треба да се грижите и за тоа како се чувствува вашиот партнер и да бидете дел и од неговиот живот како и тој во вашиот. Доколку постојано сте преокупирани со своите проблеми, никој нема да може да влезе во вашиот живот и да биде дел од него.

Прегледи:
350
Објавено на:
27.10.2019