Категории

5 работи кои им се познати само на помладите сестри

Да имате постара сестра е благослов, но понекогаш е вистински хаос потенцирањето од страна на постарата сестра дека е поискусна, дека повеќе знае…

Секако дека сите ги сакаат своите постари браќа и сестри, но овие 5 нешта најчесто ужасно ги нервираат помладите.

Споредување

Без разлика дали е повисока или пониска од тебе, има подобри или полоши оцени на училиште, твојата сестра секогаш ќе биде мерило со кое ќе те споредуваат. Без обзир на тоа што секој е индивидуа за себе и не сте ни воопшто слични.

Стари работи

Како дете секогаш си ја носела веќе износената облека од својата сестра. Да не зборуваме за нови ролерки, бидејќи секогаш има по еден стар пар ролерки од твојата сестра во подрумот кои чекаат да ги облечеш.

Тестирање на границите

Како тинејџерки најчесто ги тестираме границите на родителите. Тука има важна улога постарата сестра која веќе пред нас ги има поместено границите.

Лепенка

Каде и да одиш со твојата сестра, секогаш ќе бидеш малата досадна лепенка. Можеби си навистина кул, но тоа нема да ти помогне во однос на постарата сестра.

Недостижен пример

Кога беше мала на небото постоеше само една ѕвезда – твојата постара сестра. Меѓутоа, сеедно колку и да се трудиш – никогаш нема да бидеш кул колку неа.

Прегледи:
563
Објавено на:
13.02.2018