За да докажат што точно на мажите не им се допаѓа кај жените, американските социолози спровеле студија во која биле вклучени голем број мажи кои биле испрашувани за преференциите кон жените.
Им биле прикажани и фотографии што ги оценувале, а од целокупното истражување, социолозите пронашле пет универзални карактеристики кои им биле најодбивни кај жените.
Нереални желби
Жените, кои живеат во светот на соништата и го гледаат животот преку розови очила, мажите ги сметаат за детинести. Секако дека е во ред да се фантазира за филмски бакнежи и романса, но сè треба да биде во нормални граници, а соништата треба да се разликуваат од реалноста.
Критика
Иако добриот совет е секогаш добредојден, премногу критики и незадоволство не му се потребни на никого. Мажите се согласиле дека независните и силни жени се многу привлечни за нив, но оние што ја користат маската на феминизмот за да ги критикуваат сите што не се како нив, се едногласно многу одбивни.
Ненаситност
Постојаните барања и високите очекувања без разбирање се покажале како многу непривлечни однесувања.
Неприродно однесување
Кога им биле прикажани фотографии од неколку различни жени, мажите едногласно се согласиле дека жените кои позирале без насмевки и со многу ладни изрази на лицето, биле значително поодбивни од оние кои искрено се смееле.
Принудување на брак
Принудување на брак и форсирање на мажот да донесе одлука, за многумина е застрашувачки и многу одбивно.