Како што се дигитализира светот, така и професиите. Побарувачката за дизајнери на пазарот на труд е поголема од било кога. Сакаш да бидеш врвен дизајнер, да работиш за големи клиенти и да креираш логоа за светски познати брендови?
Овие се петте работи кои мора да ги знаеш:
- Дизајн на лого според бриф на клиент – сепак на крајот од денот брендот не е твој. Целта е да направиш лого кое ќе изгледа модерно, професионално и апликабилно, но во исто време и ќе им се допаѓа на сопствениците на брендот.
- Најефикасно да се припрeмаш за дизајнирање на логото: brainstorming, скечирање, одлучување, концепт. Овие процеси мораш да ги поминеш најефикасно што можеш – кога си дизајнер времето е пари.
- Како да го испрезентираш твоето лого. Можеш да го издизајнираш најдоброто лого на свет. Ако не знаеш да го испрезентираш трудот може да ти пропадне во вода.
- Избор на бои според психологија на потрошувачите. За кој бренд дизајнираш? Секој бренд има различен идентитет, публика и имиџ кој сака да го има во јавноста, а различни бои побудуваат различни емоции.
- Изработка на бренд бук и пакет на лого подготовка за печатење. Логото би било неупотребливо ако не знаеш како да го аплицираш. Размисли на тоа дека логото треба да се прикачува на различни елементи.
Аплицирај за новиот Курс за Лого дизајн со Даниел Јанев во Brainster.
Научи самостојно да дизајнираш вистинско лого во Adobe Illustrator преку работа на реален клиент со Дани Јанев. Овој курс е наменет за оние кои сакаат да ги зајакнат своите дизајнерски способности преку креација на лого за еден бренд или сакаат својата кариера да ја насочат кон дизајнирање на логоа.
Ќе се фокусираме на секој аспект од создавањето на едно лого: анализа на бриф од клиент, доаѓање до идеја, концепт и скица, избор на типографија, изработка на лого во Adobe Illustrator, однос со клиенти, презентација и одбрана на лого.
Кој може да учествува?
Сите кои сакаат да научат да дизајнираат лого за еден бренд од почеток до крај. Сите амбициозни поединци со ентузијазам за учење нови вештини, без разлика дали потоа ќе дизајнираат лого за својот бизнис, или ќе започнат #НоваКариера како фриленс дизајнери кои заработуваат на интернет и креираат логоа за светски познати брендови.
Што ќе научиш?
Ќе добиеш материјали како лого биф, 2 темплејти за брендбук, 2 книги за лого дизајн и селекција од 50 фонта погодни за типографски логоа. Ќе работиш на реален проект за клиент. Целиот процес од бриф, до креирање на крајното лого ќе биде целосно практичен, без многу задржување на теорискиот дел. Идејата е да симулираме реална работа, вклучувајќи го истражувањето, идеите и изработката на дизајнот, за потоа да можеш самостојно да продолжиш да дизајнираш логоа.
Што ти е потребно?
✓ Основно познавање на Adobe Illustrator.
✓ Full верзија на програмот Adobe Illustrator (trial верзијата не би била погодна поради подолгото времетраење на курсот).
✓ Голема желба за унапредување на твоите дизајнерски вештини и познавање на работата во Adobe Illustrator.
✓ Амбиција да станеш одличен лого – дизајнер.