Категории

5 трикови за вашите чизми да изгледаат како нови

Без разлика дали вашите обувки се лакирани или изработени од мека кожа, ќе изгледате многу подобро ако се без дамки.

Еве пет начини вашиот омилен пар засекогаш да изгледа како нов.
Линиите на лакираните обувки се отстрануваат со вазелин.

Нанесете малку вазелин на чиста крпа и нежно тријте со кружно движење сè додека линиите целосно не се отстранат.

Вистинската кожа се чисти со балзам за коса


Вашите кожни чизми од ден на ден изгледаат сé полошо. Наместо да купувате производи за нега на обувки, земете балзам за коса и чиста крпа. Нанестете мала количина балзам на крпата и нежно тријте. Балзамот ќе ја освежи кожата на чизмите – исто како што ја освежува косата.

Магичните крпи ги отстрануваат дамките од патиките


Да, можете лесно да ги отстраните дамките од патиките со магична крпа. Прво навлажнете ја малку, а потоа нежно тријте се додека дамката не исчезне. Магија!

Дамка на обувки од антилоп

Ако забележите дамка на обувки од антилоп, не губете надеж. Извадете неискористената гума за бришење од фиоката (по можност бела или светло розова) и избришете ја дамката. Триењето постепено ќе ја отстранува дамката од чувствителниот материјал.

Освежете ги вашите гумени чизми со маслиново масло

Белите дамки на обувките се најлоши. Најчесто се предизвикани од влага и топлина. Повремено можете да го вратите нивниот сјај, само со нанесување на малку маслиново масло на чиста крпа и полирање со кружно движење. И запомнете, чизмите не треба да ги натопите во масло.

 

Прегледи:
693
Објавено на:
30.11.2019