Категории

5 цитати коишто ќе Ве поттикнат да бидете горди на себе

Поголемиот дел од луѓето често се сурови кон себе кога се соочуваат со некакви пречки и неуспеси. Ова им станува навика, а простор за љубезност оставаат многу малку, речиси воопшто.

Време е да ги промените овие навики, а за таа цел Ви издвоивме неколку цитати коишто ќе ве поттурнат кон порцијата со љубезност. Вкусете од самопочитта и бидете горди за Вашите напори.

1. „Ако можете да погледнете во очите на Вашата мајка и таа се гордее со Вас, тогаш Вие сте шампион“ – Џорџ Форман.

2. „Вашиот навивач и шампион сте Вие самите. Секогаш бидете горди на Вашите достигнувања без разлика дали се големи или мали“ – Ајана Хауард.

3. „Бидете горди на Вашите лузни, тие се Вашата сила и го претставуваат она што сте го издржале“- Клариса Пинкола.

4. „Вие сте многу моќни само доколку знаете колку сте моќни“ – Јоги Баџан.

5. „Гордејте се со она што го правите бидејќи светот ќе Ве обвинува за она што не го правите“ – Сомја Кедија.

Прегледи:
532
Објавено на:
18.11.2022