Категории

5 знаци дека другите ви се плашат

Се прашувате ли некогаш како ве доживуваат другите? Вие можеби мислите дека сте симпатични, духовити, пристапни, но вистината може да биде потполно поинаква.

Дали е подобро другите да ви се плашат или да ве почитуваат? Дали е премногу да се бараат и двете? Прашува Тони Старк, во филмот “Iron Man”. Ние би рекле дека кога другите не почитуваат е позитивен, додека ако некого го плашиме е негативен знак.

Нашето однесување кај другите може да предизвика страв а за тоа да не сме свесни.
Овие 5 знаци сведочат дека предизвикувате одреден страв кај другите луѓе.

1.Луѓето во ваша близина не ја вршат добро својата работа
Колку личноста повеќе чувствува страв, тегоба и непријатност, тоа повеќе влијае врз нејзината продуктивност. Тие ќе бидат сконцентрирани да ви угодат вам и цело време да ви бидат „по волја“. Обидете се да им дадете мир на луѓето со вашата присутност а не постојано да бидат напнати и преплашени. Ќе видите колку подобро ќе функционирате кога не мораат да ви се плашат.

2.Другите не ве гледаат во очи
Кога се плашиме од некого, нормално е да избегнуваме контакт со очите со таа личност. Затоа ако сте забележале дека луѓето често избегнуваат да ве гледаат во очи, може да е причина тоа што им делувате застрашувачки. Во животинскиот свет, контактот со очи значи закана, а вам никој не сака да ви се заканува затоа што ви се плаши.

3.Другите не ви поставуваат прашања (нити лични нити професионални)
Колку помалку комуникација со застрашувачката личност, тоа подобра одбрана. Избегнуваат да ве прашуваат што било поврзано со работата, дури и како сте го поминале викендот. Се плашат да ви постават погрешно прашање затоа што не знаат како ќе реагирате на тоа. Сметате дека тие се плашат беспотребно и неоправдано, па затоа почнете да ги прашувате нив за нивните животи, можеби тоа ќе го промени нивното мислење.

4.Луѓето ве избегнуваат
Сте забележале дека секоја комуникација со другите ја започнувате вие, дека луѓето не сакаат да разговараат со вас кога ќе ве сретнат во ходникот или на забава на вашата фирма? Или ќе преминат на другата страна кога ќе видат дека одите накај нив. Тоа е голем знак дека луѓето се плашат од вашата присутност и се чувствуваат непријатно.

5.Им се променува гласот кога се во ваша близина
И промената на гласот е сигурен знак дека другите во ваша близина се чувствуваат непријатно. Можат да почнат да зборуваат побрзо, гласот може да им се повиши, почнуваат нервозно да се смеат или да зборуваат со низок шепотлив тон. Обрнете внимание на тоа како другите разговараат со вас и ако забележите некои од овие знаци можеби е време да се преиспитате себеси.

Прегледи:
674
Објавено на:
04.01.2020