Категории

6 инспиративни цитати за стравот

Страв. Понекогаш е многу корисен, нѐ штити од повреда, но многупати е внатрешен глас којшто ни претставува бариера и не можеме да се помрднеме од место. Тоа нѐ спречува од тоа да станеме оние за коишто длабоко во себе копнееме. Ви споделуваме неколку цитати поврзани со стравот од луѓе коишто чекореле на оваа земја долго пред нас:

1. „Почесто сме исплашени отколку повредени. Повеќе страдаме од имагинацијата отколку од реалноста“ – Сенека.

2. „Едно од најголемите откритија што ги прави човекот, едно од неговите најголеми изненадувања е да открие дека може да го направи она што се плашеше дека нема да може да го направи“ – Хенри Форд.

3. „Единственото нешто од коешто треба да се плашиме е самиот страв“ – Френклин Д. Рузвелт.

4. „Стравот е болка што излегува од исчекувањето на злото“ – Аристотел.

5. „Со текот на времето го мразиме она од што често се плашиме“ – Вилијам Шекспир.

6. „Непријателот е стравот. Мислиме дека е омразата, но не, стравот е“ – Ганди.

 

 
Прегледи:
362
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
10.11.2022