1.Поминувајте време со своите деца
Ова е базата за сѐ. Треба што повеќе да поминувате време со своите деца, да покажете интереси за нивните хобија како и за нивните проблеми, и најважно, да го слушнете тоа што тие имаат да го кажат.
Не само што ќе научите повеќе за уникатниот карактер на вашиот син или ќерка, туку вашите постапки ќе им дадат пример за тоа како се посветува внимание и грижа за некого.
2. Секојдневно кажувајте му на вашето дете колку тоа значи за вас
Според истражувањата на психолозите на Харвард, многу деца не се свесни дека се најважната личност на светот за нивните родители. Тие треба секојдневно да ги слушаат тоа од вас.
Искреноста на овие зборови ќе направи вашето дете да се чувствува сигурно, сакано и ценето.
3 .Покажете им на вашите деца како да ги решаваат своите проблеми наместо да бегаат од нив
Доколку вашето дете одеднаш посака да се откаже од некоја активност пробајте да разговарате со него зошто така одличило. Дали неговите причини се објективни? Пробајте да му отворите нова перспектива кон проблемот наместо да го осудувате или прекорувате. Доколу и понатаму тоа упорно сака да се откаже, тогаш помогнете му да најде нова активност која ќе ја разбуди неговата пасија.
4. Научете ги да ви помагаат со нешто секој ден и покажете им ја вашата благодарност за нивната помош
Многу истражувања покажале дека луѓето кои искажуваат благодарност се посклони кон емпатија со други, великодушни се, топли и пријатни за разговор и никогаш не одбиваат да помогнат некому.
Затоа, со оваа техника, не само што ги учиме децата да бидат вредни и ангажирани, туку ги учиме и да ја искажуваат својата благодарност кон други како што ние ја искажуваме кон нив.
Чувството на пријатност дека некому помогнале и биле вредни ќе им остане во сеќавање будејќи им пријатни чувства секогаш кога ќе треба и они некому да искажат благодарност.
5. Помогнете им да се справат со своите негативни емоции
Психолозите веруваат дека способноста да се грижиме за некого може да биде намалена или комплетно потисната поради негативни емоции како што се лутина, омраза, срам и завист.
Помагајки ги вашите деца да ги разберат овие негативни емоции, вие всушност им помагате да ги разрешат своите внатрешни конфликти. Ваквата ‘самоанализа’ ќе ги трасира на патот да станат емпатични и грижливи индивидуи. Ова е исто така важно за нив подоцна низ животот да можат да имаат психолошка стабилност.
6.Покажете им дека светот е поголем, посложен и многу поинтересен отколку што тие можат да замислат
Според психолозите на Харвард, скоро сите деца се заинтересирани само за малиот свет во кој се наоѓаат нивното семејство и пријателите.
Исклучително важно е да научат да се интересираат и за луѓето и настаните надвор од овој мал свет. Токму таа разноликост од социјален, културолошки па и географски карактер, може кај нив да разбуди љубопитност и интерес и да им ги прошири видиците кон светот.
Заклучокот кој го даваат психолозите од Харвард е: “Да се порасне дете кое ќе биде учтиво, грижливо и емпатично е навистина тешка задача. Но, сите ние како родители сме способни за тоа. Ништо друго на светот не може да се спореди со важноста на оваа задача ниту со радоста кога таа ќе биде успешно исполнета”.
Бреинобреин Европа