Не е потребно реновирање, ниту каква било голема инвестиција. Вашиот дом може да изгледа попростран и свеж со помош на неколку трикови без реновирање. Потребна е малку фантазија и креативност, но и да се обрне внимание на деталите, за вашиот дом да стане оаза на мирот.
Имаме седум трикови за да го направите вашиот мал стан визуелно да изгледа поголем:
Купете поголемо огледало
Дали знаете зошто има огледало во секој лифт? Бидејќи не постои подобар начин да се создаде илузија на просторот од големите огледала, а со тоа да се избегне чувството на клаустрофобија кај луѓето склони кон оваа фобија. Истиот трик можете да го користите и во вашиот стан.
Држете се до светли тонови
Никако немојте премногу да експериментирате со бои. Кога го фарбате станот, најдобро е да се држите до светли тонови, како што се бели и беж.
Можете да купите голем мебел, но не го преполнувајте станот
Не е точно дека не можете да имате големи парчиња мебел во мал стан, но само под услов да ги немате многу од нив. Ако го преполнете станот или со мебел или со детали, тој неизбежно ќе изгледа уште помал.
Изберете завеси од подот до таванот
Ако сакате таваните да ви изгледаат високи, избегнувајте ролетни. Одлучете се за завеси од подот до таванот во светли тонови што ќе додадат еден сантиметар до висината на станот.
Додадете висечки детали
Саксиите што висат од таванот или лустерите во разумни димензии, исто така, ќе го нагласат чувството на пространост во вашиот стан. Ова е особено добар трик за станови кои имаат тавани малку повисоки отколку што би очекувале.
Изберете лесни парчиња
Кога украсувате мал стан, подобро е да купите парчиња што не заземаат визуелен простор. Стаклена маса ќе изгледа подобро во студио од онаа направена од тешко дрво, а истото правило важи и за остатокот од мебелот и деталите.
Чувајте го станот уреден
Иако уредноста се подразбира, големите станови можат да издржат барем мал хаос, што не е случај со студија. Одржувајте ред и инвестирајте во повеќенаменски мебел, како што е кауч во кој може да се стави јорган, столче во кое може да се стават играчки или маса во која можете да ставите весник.