Категории

7 грешки кои ве прават да изгледате постари од својата возраст

Колку се чевлите поудобни, толку ќе изгледате постаро. Истиот ефект се добива и со лошиот градник, црната боја, но и со слепото следење на трендовите кои не ви одговараат…

Носите погрешен градник

Верувале или не, градникот може визуелно да ве направи повисоки, потенки и помлади или спротивно од сето тоа. Погрешниот број на градникот може да влијае врз начинот на кој жената седи, нејзиното држење и како се чувствува. Ретко кој се чувствува удобно цел ден седејќи во претесен градник, со премали или преголеми прерамки поради кои градите висат.

Сакате големи парчиња накит

Иако големите парчиња накит како што се обетките или ѓерданите, може да изгледаат боемски, исто така може да изгледаат и како антиквитет. За да добиете младелашки изглед, претпочитајте носење на тенки нараквици, гердани или обетки во форма на прстен.

Робови сте на трендовите

Трендовите се минливи, а кога купувате подобро е да е запрашате дали навистина ви се допаѓа тоа парче облека, колку пати неделно ќе го носите и дали можете да го комбинирате со други парчиња од плакарот. Доколку одговорот е негативен, подобро не го купувајте.

Секогаш носите црно

Црната боја и прилега на фигурата и е вечна класика, но воедно е и тешка, а тоа сигурно не е описот кој го сакате за себе. Доколку не сте спремни да ја исфрлите оваа боја од вашата секојдневна облека, тогаш комбинирајте ја со детали во силни бои, како црвена или корална. Овие бои ќе внеат топлина во комбинациите.

Не носите доволно високи потпетици

Потпетиците ја издолжуваат фигурата, па доколку сеуште носите ниски чевли или чевли со мала потпетица, заменете ги со висока потпетица и шилест врв. Жените со убави чевли на потпетици изгледаат поженствено и секси.

Носите цветни дезени

Секој цветен дезен е поинаков и може да биде одличен моден погодок или пак тотално промашување. Во случаите кога дезенот е досаден, блед или неутрален, прескокнете го. Наместо тоа, обидете се со геометриски дезени и пруги во светли тонови.

Очила со класична рамка

Правилната рамка и добрите стакла можат да бидат украс самите по себе, па слободно експериментирајте со различни облици и дизајни на очила. Класичните старински рамки ретко кому прилегаат.

 

Прегледи:
424
Објавено на:
08.02.2018