Категории

7 клучни разлики помеѓу зрелите мажи и недораснатите момци

Зрелите мажи се реткост во денешното општество. Едно е да се биде припадник на машкиот пол, а нешто сосема друго да се биде џентлемен. Тоа не е избор кој може да се направи еднаш или два пати во животот, туку серија од секојдневни одлуки при обидот да се движите низ светот, но и животот. Па, што е тоа што ги разликува зрелите мажите од останатите припадници на машкиот пол?

1. Зрелиот маж се однесува добро кон сите

Квалитетниот маж никогаш не се плаши од еднаквоста. Не постои причина да разговара со повишен тон, ниту пак да не почитува каква било личност која поминува низ неговото секојдневие. Без разлика дали станува збор за личноста која служи кафе, чисти подови во теретаната или има висока позиција во компанијата, зрелите мажи знаат дека сите човечки суштества се еднакви и заслужуваат ист вид почит.

2. Зрелиот маж никогаш не доаѓа со празни раце

Доколку некој покажува љубезност преку покана до својот дом, вие никогаш не треба да одите без знак за благодарност. Зрелите мажи знаат дека постојат различни начини да се покаже оваа благодарност, но никогаш не ја земаат здраво за готово поканата за посета на нечиј дом – без разлика од кого доаѓа.

3. Зрелиот маж секогаш бара начини да се подобри

Ако сакате да добиете почит од другите, најпрво треба вие самите да имате почит за себеси. Ова значи дека треба истовремено да се грижите и за вашата физичка, но и за менталната добросостојба. Во општеството каде владее Фотошоп, многу е тешко да се продре до внатрешноста, но зрелите мажи ја разбираат важноста на тоа што се наоѓа под надворешната маска и секогаш се стремат кон откривање на длабочините на личноста.

1 2

Прегледи:
733
Објавено на:
25.03.2016