Категории

7. мај е Светскиот ден на лозинките: Кои се најпопуларните лозинки во светот?

Правилното креирање на лозинка е прв чекор во заштита од злоупотреби на интернет, а најсигурна комбинација е таа што има букви, симболи и броеви, истакнуваат професионалците по повод Светскиот ден на лозинките, 7. мај.

Истражувањата покажуваат дека најпопуларна лозинка во светот е „123456“, додека зборот „password“ се наоѓа на 4-тото место.
Според податоците на глобалното истражување на „Националниот центар за кибернетичка сигурност“ на Велика Британија (NCSC), најпопуларната лозинка во светот „123456“ е употребена во дури 23.2 милиони налози. На второ место е „123456789“ која има 7.7 милиони налози, се наведува во соопштението на софтверската агенција Namics, по повод 2-ри мај, Меѓународниот ден на лозинките.

Помеѓу топ 10-те лозинки се наоѓаат и првите букви во горниот дел на тастатурата „qwerty“ и самиот збор „password“ кого го употребуваат повеќе од 3 милиони во светот, како и „abc123“ и „111111“.
Професионалците од Namics наведуваат дека корисникот е речиси секогаш најслабата карика во безбедносниот ланец и укажуваат на важноста на правилното креирање на лозинка.
Jan Keler истакнува дека проблемот настанува кога лозинката не е единствена и доволно силна.
„Дешифрирањето е лесно ако зборовите кои се користат се лични имиња, датум на раѓање или име на омилен бенд“-наведува Jan.

Најлесен пат до силна лозинка е употребата на зборови кои му значат на корисникот и нивно комбинирање со симболи и броеви, се наведува во соопштението.
Светскиот ден на лозинките 7. мај е создаден за да се укаже на важноста на лозинките како прва линија на одбрана во дигиталниот свет и да се подигне свеста дека наједноставните лозинки претставуваат опасност за безбедноста на интернетот.

Прегледи:
537
Објавено на:
07.05.2020