Категории

7 Начини како да препознаете „фејк“ парфем?

Многумина од купувачите мислат дека сите парфеми во продавниците се автентични, но не се свесни за речиси совршените имитации коишто се наоѓаат на штандовите со скапи парфеми.

Давањето голема сума за оригинален парфем кој е всушност ,,фејк,, може да ве вознемири и да ве направи да се почувствувате искористени, но она што најмногу треба да ве загрижи е вашето здравје поради токсините коишто ги содржат. Сепак, има неколку начини коишто ќе ви помогнат да ги воочите и најдобро скроените имитации.

1. Обрнете внимание на пакувањето

Автентичните парфеми секогаш имаат кутии обвиткани со целофан кој е совршено завиткан и залепен.

2. Записи и етикети

Погледнете го кругот и веднаш ќе ги забележите стрелките чија комбинација на бои треба да биде во обратен редослед.

3. Дизајн

Највпечатливата грешка при проучување на автентичноста на парфемот е името на парфемот. Доста често се пронаоѓа грешка во името на брендот.

4. Боја на парфемот

 

Познатите брендови не користат многу боја во нивните продукти, па затоа нивната боја е вообичаено бледа. Употребата на хемикалии во парфемите кои што се одразуваат на бојата се најверодостоен иницијатор на ,,фејк,, парфем.

5. Капаче на парфемот

Капачето на оригинален парфем треба да биде совршено симетрично, кое секако зависи од логото на компанијата.

6. Сериски број

6305860-8-5-1472311333-0-1472473543-1472481166-650-3a9096b21c-1-1472539472Серискиот број треба да биде означен на дното на шишето, а не залепен! Освен тоа, истиот број треба да се совпаѓа со бројот од кутијата

7. Шише

Автентичниот парфем има шише произведено од високо квалитетен материјал со мазна и рамна површина. Имитациите ќе ги препознаете по лошо конструираното шишенце со рапава и нерамна површина.

Од пакувањето па се до капачето на шишенцето, секој детал е важен кога е во прашање откривање на ,,фејк,, парфем. Ако обрнете добро внимание, ќе забележите доста несовршености при таквите парфеми.

Прегледи:
964
Објавено на:
18.09.2016