Категории

7 причини зошто кикбоксот е идеален за вас!

Доколку се чувствувате како да сте влегле во одредена рутина при вежбањето и потребна ви е  промена и возбуда, можеби е време да го додадете кикбоксот на вашиот распоред. Вежбите во кикбоксот се комбинација од техники на боречки вештини со кардио, што подразбира активност и обликување на секој мускул на телото за кратко време.

Без разлика дали сте почетник во фитнесот или долгогодишен љубител на теретана, вежбањето кикбокс барем еднаш неделно може да ви помогне да се чувствувате полни со енергија и да излезете од секојдневната рутина.

Ова се седум причини зошто кикбоксот е одличен за вас!

1. Го ослободува стресот

Преку динамичите удари доаѓа до брзо и ефикасно ослободување од  стресот за само неколку минути . Движењата во кикбоксот ги активираат мускулите и ќе ви овозможат целосен тренинг на телото за многу кратко време.

2. Го зголемува нивото на самодоверба и среќа

Кикбоксот ви помага да го ослободите хормонот ендорфин кој го поттикнува расположението и ќе ви помогне да се чувствувате посигурни. Ендорфинот исто така ќе направи да се чувствувате посреќни и позитивни неколку часа по тренингот.

3. Ја подобрува координацијата

Ако страдате од проблеми со држењето на телото и имате лоша координација, можете да го зајакнете вашето „јадро“ и да ги подобрите вашите рефлекси и координативни вештини. Брзите удари во кикбокс рутината ќе ви дадат шанса да ја фокусирате вашата енергија на успешно извршување на секое движење.


4. Согорува многу калории

Кикбоксот ќе ви помогне да согорите околу 800 калории на час, тонирајќи го вашето тело и забрзувајќи го метаболизмот. Ова е моќна кардио рутина која е одлична за губење тежина и враќање во форма.

5. Идеален Крос Тренинг

Доколку вежбате на лентата за трчање со недели или пак ви треба пауза од вообичаената кардио рутина, кикбоксот е совршениот крос тренинг за вас. Може да додадете тежина или пак лесни боксерски ракавици за дополнителен отпор. Со само еден или два тренинзи неделно може да ја замените вашата фитнес рутина.

6. Зголемување на енергијата

Кикбоксот е високо-енергетска кардио рутина која ќе го поттикне вашето тело и ум и ќе го зголеми нивото на енергија. Ќе ги отстраните сите отрови од вашето тело преку потта и овој процес ќе ви овозможи високо ниво на енергија.

7. Подобро држење на телото

Доколку поминувате поголем дел од денот пред компјутер, вежбањето кикбокс ќе ги активира сите мускули на телото кои не ги употребувате преку денот.

Мускулите на јадрото кои се наоѓаат околу вашиот абдоминален ѕид се најважни во кикбоксот бидејќи треба да ги користите половината и стомачните мускули за рамнотежа и да го извршите секој потег внимателно и координирано.

Вежбањето кикбокс нуди многу придобивки за вашето тело и ум, и е одличен избор за промена на физичката активност. Без разлика дали сте фанатик за фитнес или штотуку започнувате со рутина на вежбање, кикбоксот може да ви помогне да ги постигнете вашите фитнес цели.

Во КБК Работнички Адора има тренинзи за сите возрасти и сите нивоа. Започнете со тренинзите и уверете се во сите придобивки кои ги носи овој спорт!

Прегледи:
610
Објавено на:
15.12.2021