Категории

9 СЕКС СОВЕТИ ШТО СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ГИ ПРИМЕНИ

Сигурно сте слушнале или прочитале дека вагината е збунувачки и мистериозен орган на кој му треба многу труд и магија за да постигне оргазам. Ова можеби е вистина, но тоа не значи дека треба да престанете да се обидувате. Нема многу истражувања за тоа што ги зголемува шансите за вагинален или клиторичен оргазам, но можете да одвоите малку време и да истражувате самите!

Но, едно ново истражување спроведено на над 2000 жени открива дека постојат многу сличности помеѓу нештата кои доведуваат до оргазам кај жените. Истражувањето беше направено од OMGyes.com, нов веб-сајт за откривање различни техники на секс. Беа спроведени Скајп интервјуа со 1000 хетеросексуални жени, а потоа беше направена анкета која им беше доставена на уште 1000 жени на возраст од 18-95 години (вклучувајќи и жени со различни сексуални ориентации). Секако, ова не е гаранција дека сите овие совети ќе функционираат на секому, но ако ништо друго, ќе ви дадат мотив, нов начин на размислување или нова тема на разговор.

Дојдете супер-блиску до оргазам, а потоа повлечете се

Над 65% од жените во ова истражување рекле дека ова им помага да доживеат посилен оргазам. Доближете се до оргазам, и потоа променете ја положбата или престанете да го правите она што го правите. Ова може да значи да забавите, да се оттргнете од клиторисот или целосно да прекинете.

Надразнете ги чувствителните области

Ова значи да се приближите до многу чувствителните области, но не и да ги допирате. Како на пример, допирањето на делот околу вагиналниот отвор, но не и директно на отворот. Или допирањето на областа 2-3 cm под или над клиторисот, но не и на самиот клиторис. Над 71% од жените изјавиле дека ова ја зголемува возбудата и води до подобри оргазми.

Одржувајте ги движењето, притисокот, брзината, итн. со ист интензитет

Речиси 67% од жените рекле дека некој вид на постојаност им помогнал за да доживеат оргазам. Ова звучи нејасно, но всушност значи дека одржувањето на работите со ист интензитет подолго време може да биде од огромна помош, особено кога личноста е блиску до оргазам. Точно пред оргазмот, вашиот партнер не треба да ја смени насоката или да забрза, туку да одржи константа. Па, нека ова биде лекција за сите мажи: ако партнерката ви рече „точно таму“ или „не запирај“ – само продолжете да го правите она што го правите.

2

Или понекогаш сменете го движењето за да ги направите нештата поинтересни

Ве предупредивме дека не сè функционира кај секого. Случајот овде: 78% од жените изјавиле дека сакаат непредвидливи сензации во одредени фази на возбуда. Доказ за ова се и вибраторите, кои најчесто имаат пет до седум брзини, а една од нив е непостојана и движењата се непредвидливи. Очигледно, на многу луѓе тоа им се допаѓа, па затоа и се произведуваат вибратори со таа опција.

Одржувајте некој вид на ритам или шема

Овде треба едноставно да го прашате вашиот партнер – или самите себеси – што им/ви се допаѓа. Речиси 82% од жените рекле дека имаат некој ритам кој го преферираат и кој им одговара. Може да биде комбинација од пулсирање и галење или нешто слично, на заклучокот е – ако најдете нешто што ви одговара, продолжете да го правите.

Сменете ја техниката после првиот оргазам за да достигнете втор

Ако сакате да достигнете уште еден оргазам, не го имитирајте она што сте го правеле за да го достигнете првиот. Во ова истражување, 47% од жените се изјасниле дека имаат доживеано повеќе оргазми претходно, и најголемиот дел од овие жени рекле дека клучот на ова е менувањето на техниката која ги довела до првиот оргазам. Ако продолжите да го правите она што сте го правеле претходно, ќе бидете премногу чувствителни, а може да биде и непријатно. Пробајте нешто слично, но не сосем исто, можеби нешто полесно, побавно или помалку интензивно.

Посветете внимание на одредена точка со повеќе притисок и брзина

Направете го ова со ставање дополнителен акцент на еден дел од вашето движење – како менувањето на притисокот или брзината кога ја стимулирате едната страна на клиторисот. Повеќе од една третина од жените во истражувањето изјавиле дека им се допаѓа оваа техника. Па, ако забележите дека едно место ви е почувствително од останатите, посветете му внимание.

Правете континуирани кружни движења околу клиторисот

Дури 78% од жените изјавиле дека „орбитирањето“ околу клиторисот е одлично – без разлика дали се работи за мали кругови, големи кругови, овални движења, движења во форма на 8 – сеедно. Има многу варијации, а кругот на една личност може да биде сосем различен од кругот на друга.

3

Допирајте го клиторисот индиректно

Над 66% од жените изјавиле дека преферираат индиректна стимулација на клиторисот, затоа што директната стимулација е пречувствителна или непријатна. Повеќе уживале во допирањето на околните места, како горниот дел, страничните делови, или преферирале допирање преку долна облека.

Прегледи:
645
Објавено на:
16.02.2016