Категории

90 годишна старица наместо лечење од рак одбрала пат околу светот

Кога докторите и рекле дека боледува од рак, 90 годишната старица Норма одлучила наместо на лекување, парите да ги потроши на пат околу светот.

Норма одлучно им одговорила на докторите кога и соопштиле дека боледува од рак: “Имам 90 години, тргнувам на пат”.

Нејзиниот сопруг Лео неодамна починал од рак, а таа едноставно не може да живее без него. Оваа пензионерка од Мичиген во САД тргнала на шестмесечно патување заедно со својот син Тим, неговата сопруга Реми и кучето Ринго.

“Норма моментално не чувствува болки, свесна е за се и сака да патува. Задоволство е да се биде во нејзино друштво”, напиша Реми на Фејсбук.

2

Докторите ја прифатиле одлуката на Норма, бидејќи операцијата која би можела да и го спаси животот всушност е многу ризична. Досега Норма патувала ширум САД, Европа и Кина.

3

4

5

Прегледи:
440
Објавено на:
03.03.2016