Категории

90 годишна жена починала откако одбила респиратор: Имав добар живот, дајте им го ова на помладите

Деведесет годишната Сузан Хојлертс од Бинком, во близина на Лубек, била хоспитализирана на 20-ти март кога нејзината здравствена состојба за многу кратко време се влошила од коронавирусот COVID-19. 


Откако била примена во болницата, таа несебично го обдила респираторот говорејќи им на докторите да го дадат на помладите, бидејќи таа како што пишуваат медиумите рекла дека имала многу добар живот.

Ова се случува во време на глобален недостиг на респиратори во цел свет, апарати коишто се клучи за во борбата против вирусот.

Сузан побарала медицинска помош откако имала проблеми со дишењето. Кога ја примиме во болницата и било констатирано дека е позитивна на коронавирусот и била сместена во изолацијата, што дури и на нејзината ќерка не и било дозволено да ја посетува.

Таа, наводно, им кажала на лекарите во болницата: „Не сакам да користам вештачко дишење. Зачувајте го за помладите пациенти. Веќе имав добар живот. ‘

Сузан починала два дена откако била хоспитализирана, на 22 март.

Прегледи:
582
Објавено на:
02.04.2020