Категории

95-годишниот дедо Милан не се откажува од својата работа да изработува кожни производи во старата Охридска чаршија

Дедо Милан и на 95 години со ист елан како во својата младост изработува врвни кожни производи во својата работилница во старата Охридската чаршија.
Дедо Милан и на 95 години со ист елан како во својата младост изработува врвни кожни производи во својата работилница во старата Охридската чаршија. Во градот нема кој не го познава Милан , и како што многумина велат, тој е вреден чувар на бесценетата вредност на охридското занаетчиство кое полека изумира. На сталажите и ѕидовите на неговата работилница која сега наликува на оние од Фиренца, може да се видат разни изработки од кожа, рачно изработени влечки, чанти, колани и сувенири.

Превземено од фејсбук групата Патувања низ Македонија