Категории

Тропско освежување во студените празнични денови – Коктелот Маи Таи

На празничната атмосфера и студените денови им треба специјален пијалок, кој ќе ви го смени секојдневието, ќе ве пренесе со мислите во некои тропски предели и ќе направи да заборавите на сите грижи и весело да ја пречекате новата година. 

Тоа за нас го направи коктелот Маи Таи, кој ни го подготви коктел мајсторот во мексиканскиот ресторан Амигос.

Главна состојка во овој коктел е румот, темниот, а потоа содржи и ликер и оргеат сируп. Секако неизбежен е и сокот од лимента и нането, кои му даваат посебен шмек на овој пијалок.

Речиси и да не се чуствува алкохолот од румот, засладен е со свежиот вкус од ликерот и блажината од оргеат сирупот, кој инаку се прави од бадем, шеќер и вода од роза или од цветот на портокалот.

Благиот вкус и свежината на нането ќе ве телепортираат во тропските предели, па со одличниот мексикански амбиент во Амигос, дури и ќе заборавите дека се наоѓате во студеното Скопје.

Коктелите во Амигос овој месец се 30% намалени, па на вашите предпразнични дружби може да искусите мал тропски рај во мексиканскиот ресторан.