Не постои некој кој останал рамнодушен на креациите на либанскиот моден дизајнер Zuhair Murad.
Во својата пролетна колеција за 2017 година неповторливиот дизајнер претстави палета од рачно и прецизно изработени модели инспирирана од педесеттите години. Колекцијата изобилува со волшебни толаети и комбинации изработени од милиони мали кристали кои го одземаат здивот. Вистински рај од пастелни нијанси на розова, плава и црна боја, совршенство.