Категории

Хранлива маска за коса од мед и маслиново масло

На нашата коса и е потребна дополнителна заштита за време на зима, па затоа ви препорачуваме да ја храните со домашна маска од мед и маслиново масло која ја обеаштетува и и дава природен и здрав сјај. За да ја подготвите хранливата маска потребно ви е:

– 3 лажици маслиново масло
– половина чаша мед
– топла крпа

Во сад измешајте ги маслото и медот така што ќе добиете густа смеса која ќе ја нанесете на косата. Завиткајте ја косата со топла крпа и оставете ја маската да делува 30 минути. Косата исплакнете ја со шампон и продолжете со вашата рутинска нега.

Прегледи:
795
Ознаки:
·
Објавено на:
25.12.2016