Кариерата ја започна далечната 1956 година, потоа името Есма Реџепова на далеку беше познато низ светот. Хуманоста беше нејзина најголема страна, а прекрасниот глас го надополнуваше нејзиното големо и вечно име.
Есма скоро никогаш никаде не одеше без турбан, да се рече дека тоа беше нејзиниот заштитен знак и многу малку луѓе и ја имаа видено нејзината природна коса.
Турбан носела нејзината мајка а за секој костим имаше посебен турбан кој додаваше елеганција во секоја нејзина појава.
Кралицата на ромската музика, почина во 73-тата година од животот.