Категории

Модни комбинации во СИВА боја

Сивата е моментално една од најпопуларните бои, затоа пронајдете ги своите омилени сиви парчиња и инспирирајте се од нашата галерија. Доколку сакате себеси да се почастите со ново парче, нема да имате потешкотии бидејки има доста на располагање.
Во текот на зимските денови често сте во капут, поради тоа можете да изберете сив капут кој се вклопува во се. Ако сивата не е баш ваша омилена боја, пробајте со детали и аксесоари како на пример ташни, капи или марами, а ако обожавате чизми над колена, сивата е полн погодок. Таа одлично се вклопува со бордо, бела и зелена. Во комбинација со пастелни бои изгледа прекрасно. Погледнете ги модните комбинации кои ги припремивме.

Прегледи:
3109
Ознаки:
·
Објавено на:
02.01.2017