Категории

Љубовен хороскоп за јануари 2017-та

Првиот месец од 2017-та година на Водолиите ќе им донесе нова љубов, додека Стрелците ќе мора да се потрудат малку повеќе за среќа.

Што да очекувате вие во месец јануари на поле љубов?

Овен

Бидејќи поголемиот дел од времето ќе го поминувате на работното место и опкружени со деловни партнери, токму таму ве очекуваат љубовни предизвици. Овните кои моментално не се во врска ќе ги привлекуваат моќни и влијателни личности на високи положби за кои ги врзува заеднички интерес.

Сепак, врските кои ќе ги воспоставите во овој период повеќе ќе ви помогнат на напредокот на кариерата, отколку што ќе бидат важни за вашиот приватен живот. Во јануари очекувајте зголемено либидо – успесите ќе бидат пропратени со силна сексуална енергија заради која може да очекувате кратки еротски средби и силни изливи на самодоверба.

Семејството и пријателите, и покрај вашето отсуство, ќе ви даваат поддршка во она што го правите, бидејќи и тие ќе ги почувствуваат благодетите на вашиот напредок.

Бик

Пријателите, семејството и партнерот ќе ви пружаат поддршка и ќе ви ја даваат потребната енергија за успех.

Доколку немате партнер, во првата половина на јануари можна е романтична средба. Меѓутоа, емоциите ќе ви бидат ставени на тест во втората половина од месецот.

Тоа ќе биде период на големи страсти, но повеќето од таа енергија ќе се помеша со работата и работните интереси, отколку со вашите емотивни потреби.

Зафатените Бикови може да се најдат во кавги со партнерите и во некои несогласувања, но без грижи, сè ќе заврши брзо и безболно, без близината да трпи последици.

Близнаци

Во јануари љубовта ќе биде горко-сладок период. Иако ќе уживате во популарноста меѓу колегите и познаниците, со партнерите работите нема да течат совршено. Едноставно нешто нема да оди.

Ситуацијата ќе ескалира кон крајот на месецот – можни се кавги, а ако сте во официјална врска, очекувајте разрешување на ситуацијата со раскинување.

Осамените Близнаци треба да бараат љубов во гужви и собири, односно на места на кои се случуваат забавни активности.

Сепак, во оваа емотивна збрка не треба да заборавите на семејството и пријателите, за да не се чувствувате отфрлено.

Рак

Во овој период излегувате од вообичаените рамки. Јануари ќе ви донесе нови желби и емоции. Ќе сакате и барате повеќе од својот партнер, пријателите, љубовта…

Ќе ви биде потребна потврда од луѓето кои ве опкружуваат пред да донесете било каква љубовна одлука. Единствен проблем може да биде тоа што премногу барате од љубовта и имате превисоки очекувања.

Партнерот ќе мора да се напрегне за да ве задоволи, па големи се шансите да го запоставите ако не ги исполни вашите очекувања. Тоа може да доведе до тензии, бидејќи како што ќе му се препуштате на животот да ве носи, така ќе му се лизгате низ прсти.

Слободните Ракови овој јануари може да ја сретнат љубовта на својот живот, па затоа мора да го слушате срцето, а не логиката.

Продолжува на страна: 1 2 3

1 2 3

Прегледи:
1986
Ознаки:
Објавено на:
02.01.2017