Лав
Насочете ја целата своја енергија накај љубовта, имајте трпение и трудете се да ја смирите немирната страна. Однесувајте се заштитнички во љубовта и бидете им потпора на другите.
Засилената сексуална желба ќе ве прави уште попривлечни овој месец, па ќе бидете презадоволни со себе, што нема да ги ставате на памет критиките од луѓето во околината.
Ова дефинитивно e месец на љубовта, без оглед на тоа каков ви е статусот. Слободните Лавови ќе најдат компатибилна личност на која ќе можат да и ги отворат емоциите.
Доколку сте во долгогодишна врска, внимавајте како ги толкувате зборовите на партнерот, да не би дошло до непотребни расправии.
Девица
Ова е идеален период за пронаоѓање на удобна зона и создавање топлина во љубовните односи. Во текот на јануари можно е некоја љубовна тајна да исплива на површина, па ќе ви треба дополнителен труд да останете смирени.
Сепак, гледајте на тоа од позитивната страна – ќе се ослободите од голема тајна која со месеци ве гушеше.
Што се однесува до љубовните односи, тие ќе бидат повеќе сведени на духовни, отколку на физички. Ќе бидете идеалистички и романтично расположени, склони на платонски врски.
На слободните Девици не им се препорачува стапување во сериозна врска, туку само дружење, флерт и насмевки.
Вага
Во љубовта ќе ви се отворат нови видици од личности во блиска околина, кои досега не сте ги сметале за привлечни. Неочекуваната романтична средба може да ви се случи токму некаде во соседството.
Исто така, можно е емотивно зближување заради финансии или образование. Не ја мешајте љубовта со овие две работи.
Не бидете нетрпеливи. За сè што почнува од 0 е потребно време, затоа немојте да барате сè во истиот момент. Слушајте ги претчувствата кога треба да донесете одлуки.
Првиот месец од 2017-та дочекајте го отворени, со многу теми за комуникација, само така ќе успеете на поле љубов.