По бројните препукувања и меѓусебни обвинувања, Бред Пит и Анџелина Џоли успеаја да постигнат заеднички договор да го финализираат разводот во потполна приватност и далеку од очите и ушите на јавноста.
Во првата заедничка изјава што ја објавија поранешните брачни партнери стои дека од овој момент па натаму разводот ќе се одвива во тајност, а Џоли и Пит “ќе се обидат заеднички да го обединат своето распаднато семејство”.
Адвокатите на Џоли и Пит изјавија дека “е потпишан договор со кој ќе се зачуваат правата на приватност на нивните деца и разводот ќе се одвива во целосна приватност и пред таен судија, а сите документи ќе бидат класифицирани како доверливи.”
Џоли и Пит беа заедно 12 години, од кои последните 2 во брак. Од започнувањето на разводот па наваму, и двајцата се немаат појавено во јавноста, освен Бред кој во неделата изненадно се појави на доделувањето на Златните Глобуси, каде беше дочекан со громогласен аплауз. Барем сега е јасно за кого навива Холивуд. :)