Категории

Старо верување открива: Што носите, таква среќа ќе ве следи

За така ретка појава како што е петок 13 кој се случува до три пати годишно постои многу приказни и текстови. Тоа и не чуди затоа што темите со празноверие се исклучително популарни. Така дури постои и поврзаност помеѓу начинот на облекувањето и суеверието.

Носење облека наопаку

Ако случајно облечете парче гардероба наопаку, тој ден би требало да ви биде среќен. Кога некој ќе ви укаже на тоа дека погрешно сте облекле маичка, само насмејте се, но грешката не ја исправајте доколку сакате целиот ден да ве следи среќа. Исто важи и за чорапите. Ненамерно облечени чорапи наопаку се сметаа за добра среќа. Исто така тогаш би требало да ги носите така цел ден за да ви се оствари среќата.

Копчиња на облеката

Непарен број копчиња на облеката би требало да ви донесат посебна среќа. Иако се сомневаме дека ќе одите да ги броите копчињата и ќе сошиете дополнително копче во случај бројот да е парен. Интересно е дека давање и примање на копчиња симболизира долготрајно пријателство, а уште едно празноверие поврзано со копчињата е доколку пронајдете копче треба да го земете и ставите во џеб затоа што тоа е тогаш знак на вашата добра среќа.

Носење облека со точки

Ова е едно од најстарите суеверија поврзани за гардеробата, а познато е во различни делови од светот. Имено, се смета дека носење облека со точки привлекува богатство. Таквите малечки точки всушност претставуваат многу пари кои наскоро ќе се најдат на вашата банковна сметка.

Носење сина облека

Некои сметаат дека сината е среќна боја која привлекува успех. Небото е во сина боја па носење на облека во таа боја симболизира поглед кон горе, односно кон безброј можности. Исто така, познато е дека невестата на денот на венчавката треба да носи нешто сино за среќа.

Носење обувки

Кога врвките на вашите обувки упорно се одврзуваат иако веќе неколку пати добро сте ги врзале значи дека би требало да добиете добра вест. Ставање чевли на маса или кревет значи лоша среќа и можете да очекувате дека наскоро ќе се скарате со некого.

Според суеверието доколку партнерот ви подари пар обувки, вашата заедничка иднина станува неизвесна. Имено, тоа всушност значи дека вашиот партнер сака да заминете од врската.

Еднаш во животот треба да  донирате пар чевли на некој кој му се потребни. Според една стара поговорка ако тоа не го сторите во следниот живот ќе чекорите боси. Без оглед на изреката и суеверието, што и да повеќе не носите дајте во хуманитарни цели. Сигурно на некој подобро ќе му послужи од што на вас.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
503
Објавено на:
13.01.2017