Да се живее во согласност со вашата природа и карактер е клучот до среќата и стабилноста. Со вистинските практични совети, соодветни за вашиот знак, може да го подобрите квалитетот на животот!
Овен
1. Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика.
2. Што и да ви кажат, ако навистина нешто сакате, работете на тоа, затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете.
3. Распоредете ги приоритетите и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Престанете да се трудите околу нешто што не е вредно за внимание.
4. Секој ден прошетајте, возете точак или слично – потребно ви е движење, бидејќи во спротивно ќе бидете уморни.
5. Не се срамете од своите “бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.
Бик
1. Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија.
2. Не ги пропуштајте приликите да си угодите себеси, но строго одредете си го времето за уживање и времето за работа.
3. Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите, како би ги сфатиле подобро.
4. Научете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
5. Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот.
Близнаци
1. Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзливи кога се во прашање овие работи.
2. Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија.
3. Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година.
4. Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува.
5. Не се задоволувајте со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа.
Рак
1. Помалку озборувајте и не се движете во друштво кое не ви одговара, бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер.
2. Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни.
3. Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмараат – вам ви треба рутина.
4. Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри.
5. Гответе и уживајте во добрата храна.