Категории

Една година подоцна: Жената која го спаси преслабото „дете-вештер“ ја пресоздаде нивната хит фотографија

Момчето, кое беше прогонето од своето семејство поради „вештерство“ и спасено од хуманитарката Ања Рингрен Ловен, тргна на училиште.

Пред првиот училиштен ден, Ловен ја пресоздаде виралната фотографија на која му дава вода на прегладнетото детенце. Но, за разлика од пред една година, на новата фотографија Хоуп е среќно 3-годишно момче со здрава тежина.

„На 30 јануари 2016 година, тргнав на мисија… На спасувачка мисија која стана вирална. Денес, навршува точно една година откако светот го запозна малото момченце наречено Хоуп. Оваа недела Хоуп ќе тргне на училиште“ – напиша Ловен на Facebook во понеделникот.

Малото детенце беше спасено од инспиративната Данка на почетокот од минатата година. Тоа беше оставено да гладува на улица, бидејќи неговото семејство верувало дека е вештер.

„Денот кога првпат го носев ова слатко мало момче во моите раце, бев сигурна дека нема да преживее. Секој вдишување беше битка за него и не сакав да умре без име, без достоинство, па го крстив Хоуп (Надеж).“

„Надеж за мене е специјално име. Не само значењето на Надеж, но и тоа што го претставува. Пред многу години си го истетовирав името НАДЕЖ на моите прсти заради тоа што за мене значи: Помагај ѝ на една личност секој ден“ – напиша Ања лани.

Хуманата жена постојано објавува фотографии од децата за кои се грижи во Африка, меѓу кои е и Хоуп.

За својата работа во Африка, Ања доби многу комплименти и беше прогласена за Најинспиративна личност за 2016 година од страна на германското списание „Ooom“.

Прегледи:
633
Објавено на:
04.02.2017