Категории

10 ВИДА СЕКС ШТО СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ГИ ИСПРОБА

Без оглед на тоа каков секс преферирате, постојат искуства што секоја жена би требало да си ги дозволи пред да се смири и да го пронајте вистинскиот. 

1. Секс со странец

Едвај можете да го изговорите неговото име, но тој преслатко зборува. Го запознавте на патување или случајно го сретнавте во вашиот град. Не е важно, не ја пропуштајте можноста накратко да се чувствувате „диво“ додека странецот не си отиде.

2. Тој не е едниствен 

Помисливте дека тој е тој, но… ви го скрши срцето и сега се прашувате дали повторно ќе пронајдете некој со кого сексот е толку добар. Кога ќе запознаете некој нов и ќе полудите за него, ќе сфатите дека на оној „единствениот“ му помина времето.

3. Секс со господин Голем 

Еднаш во животот морате да го сретнете тоа митско суштество. Инаку секогаш ќе се прашувате колку големо е навистина големо.

4. Лош секс

Oвој вид секс е толку мачен што веднаш по него одите во бањата под ладен туш. Ви помага подоцна да го цените добриот секс, па дури и оној просечниот.

5. Бесен секс

Без разлика дали сте лути затоа што не ви се допаѓа неговиот вкус за музика или ве полудеа колегите на работа, бесот може да биде добар афродизијак.

6. Секс со позната ѕвезда

Кој не мечтае за тоа да биде нечија муза? Кога сте нечија инспирација во креветот, се чувствувате како милион долари.

7. Анален секс

Пред да се смирите, задолжително испробајте ваков секс. Направете го тоа со некој што е нежен и што ќе разбере ако не ви се допаѓа и ако не сакате да го повторите.

8. Секс со мажи на различни возрасти 

Испробајте секс со помлад и со постар маж. Ќе бидете изненадени од резултатите.

9. Видете на врвот

Доволни се три збора – жена на врвот! Се е на вас, вие контролирате, правите и го добивате она што го сакате.

10. Задоволете се самите 

Нема ништо посилно и полесно од тоа што самите ќе го направите за вас. Мастурбацијата е важна за истражување на сопствените желби и она што ви одговара. А може да биде и интересно ако во игра вклучите и вибратор.

Прегледи:
336
Ознаки:
·
Објавено на:
23.02.2017