Категории

Град во Шведска воведува пауза за ручек и за секс

Пер-Ерик Мускос, член на градскиот совет во Оверторн предлага вработените Швеѓани да имаат право на еден час пауза за по потреба да отидат дома кај сопружникот, и тоа да се вбројува во работните часови.

– Проучувањата покажуваат дека сексот е здрав. Се работи за градење подобри односи… Сепак, Вие не можете да знаете со сигурност дали наместо тоа, работникот ќе отиде на прошетка, но работодавците треба да им веруваат на своите вработени, истакна 42- годишниот советник.

По Финците и Французите, Швеѓаните се на трето место според најмал број работни часови годишно. Според економско-истражувачкиот институт Ко-Рекскод, шведскиот просек за 2015 изнесувал 1.685 часа по работник, на годишно ниво.

И покрај тоа, Мускос „не гледа причина предлогот да биде отфрлен“.

Прегледи:
498
Ознаки:
·
Објавено на:
23.02.2017