Категории

Овој дечко ги има најневеројатните селфиња со животни!

Ален Диксон е дечко од Австралија, кој себе си се нарекува “шепкачот на животни”, а судејќи според неговите прекрасни фотографии – ние му веруваме!

Тој на Инстаграм има преку 20.000 следбеници, а фотографиите кои ги објавува вклучуваат селфиња со мали и големи животни, кои изгледаат возбудено и среќно што се сликаат за неговиот профил.

Диксон вели дека е многу внимателен при правењето на фотографиите и во многу случаи лежи на земјата без да мрдне за да ја стекне прво довербата на животните во нивното природно живеалиште.

За сите оние кои се по малку љубоморни и сакаат да имаат слични фотки, тој препорачува да го исклучите блицот бидејќи ги плаши животните и да ги исклучите сите звуци на вашиот мобилен.

“Најважното нешто што треба да го запамтите кога правите вакви фотографии е дека мора да се осигурате на животното да му е удобно и да не го уплашите дека треба да вклучи аларм за преживување”, истакнува Диксон.

Прегледи:
392
Објавено на:
02.03.2017