Категории

Идеално решение кога не можете да заспиете: Ова е видеото со кое се успиваат повеќе од 10 милиони луѓе

Видеото прикажува река на северот на Ирска опкружена со шума и малечок мост на неа. Освен прекрасната глетка за очите, видеото станало мегапопуларно поради звуците на природа кои неверојатно релаксираат.

Го направил визуелниот уметник Џон Лосон така што две години снимал иста сцена во природа, на таа река. Ни самиот не бил свесен колку неговата работа им помага на луѓето кои имаат проблем со стресот и несоницата. Почнале да му пишуваат од целиот свет импресионирани како видеото ги успива. Писма добива дури и од Северна Кореа, Африка, Јапонија итн.

Минутажата е совршена – малку повеќе од осум часа, токму толку колку што е доволно за здраво спиење. Благодарение на тоа, ако некој и се разбуди среде ноќ, звуците повторно брзо ќе го успијат.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
416
Објавено на:
07.03.2017