Категории

Може ли сексот да има ист или сличен ефект со вежбањето?

Најдобрите решенија ќе произлезат од вас самите, тврдат експертите. Факт е дека сексот, покрај уживањето кое ни го носи, има и многубројни ефекти како и вежбањето.

Многу истражувања покажуваат дека сексот го забрзува дишењето, биењето на срцето и крвниот притисок. Сето тоа е показател, како и активното тело за време на тренинзите. Една од најновите студии покажува дека нашето тело за време на сексот работи 75 % како и кога вежбаме. Тоа што е уште подобро е дека нивото на стрес се намалува многу повеќе за време на сексот, отколку за време на вежбањето.

Сепак, она што треба да се знае е дека сексот не трае доволно долго како вежбањето и за некои луѓе не е толку чест и со воспоставен ритам како и вежбањето, како физичка активност.  Затоа, или треба да го практикувате почесто, или пак да го комбинирате со редовните физички активности за најдобри резултати.

Прегледи:
267
Ознаки:
·
Објавено на:
08.03.2017