Категории

Мажите откриваат што навистина мислат за средувањето на вашата интимна зона. Ќе се изненадите!

Вие сте независна жена и имате право да ги средувате влакненцата во вашата интимна зона како што сакате. Но, ако сте одлучиле да ги пуштите и одвреме-навреме се прашувате што би мислел вашиот следен партнер за тоа, еве неколку машки мислења кои може да ви помогнат околу тоа.

На Редит било поставено прашањето: Како според вас е идеално жените да ги одржуваат своите „грмушки“? Нивните одговори може да ве изненадат. Од комплетно голи до скоро голи и комплетно пораснати, преференциите на мажите очигледно се многу различни.

„Мислам дека преферирам средено потскратени пубични влакна. И сосема отстранети се во ред, но тоа дефинитивно не е нешто што особено ме возбудува. Всушност, не ми е толку битно. Таа може да има и ‘грмушка’ како во 70-тите и пак нема да ми биде многу гајле.

Кога сум во врска и слушам за иритациите на кожата на мојата девојка и времето кое ѝ било потребно за да ја среди ‘баш како што треба’, само се чувствувам лошо поради тоа. Се грижам за личноста, а изгледа дека е потребно многу работа и труд за нешто што не ми е толку важно.“

„Грмушките (Bush) престанаа да бидат популарни уште кога ги снема претседателите со тоа име. Коинциденција? Не ми е гајле, никој не се бричеше кога почнав да спијам со жени, па и сосема несредена џунглеста грмушка не би ми сметала воопшто. Мојата жена порано се бричеше и тоа е понекогаш забавна промена, но сигурно не е нешто од што зависи дали ќе се возбудам.“

„Јас не сум сосема бричен таму долу, па зошто би очекувал за нејзе да биде поинаку? Но, се потскратувам, па веројатно би требало и таа да го прави истото. Грмушките не се баш забавни, да бидам искрен.“

„Никаква – тоа е само мојата лична преференција. Убаво е чувството кога е мазно и кога го користам мојот јазик.“

„Ги сакам комплетно мазни.“

„Без грмушка. И само да ги превенирам коментарите од типот ‘изгледа како бебе’, не, не изгледа како бебе. Бебињата не се возрасни луѓе и тие немаат такви гради. Избричената грмушка не прави да изгледате како бебе.“

„Преферирам комплетно избричени. Едноставно сакам чист изглед, плус уживам во бакнувањето, лижењето, шмукањето итн. на кожата таму без да ми влегуваат влакна во устата.“

„Преферирам грмушка.“

„Ми недостигаат срамните влакна. Кога стана тренд комплетно да се отстрануваат?“

„Преферирам скратени.“

„Средени. Постар сум, па сакам кога влакната се меки и средени. И бричени се фини. И нешто помеѓу е исто така супер. Немам некоја преференција сѐ додека се средени.“

„Не сакам грмушки, но сакам уредно средени.“

Па, гледате девојки, мажите имаат различни преференции, и дури и да се трудите може да не му го погодите вкусот на вашиот следен партнер.

Не заборавајте дека е ваше право да правите што сакате со вашите срамни влакна. Овој мал инпут од мажите може едноставно да ви послужи како насока во донесувањето на вашата одлука.

Прегледи:
488
Објавено на:
20.03.2017