Младата кумановка Мартија Станојковиќ која регионот ја запозна преку музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“ одлучи да направи голема промена на себе.
Причината за тоа е снимањето на новата песна и спот, поради што се реши на драстична трансформација на природниот изглед на косата. Досега ја гледавме како мало слатко девојченце, а отсега е бунтовна тинејџерка со шарена коса, која имено е голем тренд кај младите ширум светот.
За да го покаже и да се пофали со овој храбар потег, Матрија објави неколку фотографии на Фејсбук, а притоа преку коментар откри дека работи на нов материјал.
Како ви се допаѓа изгледот на оваа наша талентирана млада бунтовничка?
Извор : Вистина.мк