Овните во текот на своето владеење лесно ќе се извлекуваат од сите неволји, храбро ќе се соочуваат со предизвиците и ќе се спротивставуваат на посилните од себе.
Живот полн со авантури и нови искуства ќе ги направат Овните оваа година посебно специјални отколку минатата година. А неколку возбудливи моменти ги очекува во областа на меѓучовечките односи. Во љубовта, во услови кои ќе им бидат овозможени ќе го привлекуваат вниманието на другите.
Вие сте во година каде некои личности ќе ви станат многу важни, па повеќе ќе одите кон тоа да им ги исполните нивните желби отколку себе си, а нивната насмевка ќе ви биде најголема награда. Ќе станете несебични и дарежливи, и како магнет ќе ги привлекувате другите луѓе во својата близина.
Со леснотија ќе остварувате нови пријателства кои животот ќе ви го направат побогат и посодржаен од било кога. Најсреќниот период од оваа година за Овните ќе биде од крајот на третиот месец, кога би можеле силно и страствено да се заљубат, да постигнат финансиска добивка, да уживаат во вниманието и комплиментите кои ќе пристигнуваат од сите страни. Одлично време ги очекува од 28.04 2017 до 6. 6. 2017 година, кога Венера е во знакот на Овен и, освен што ќе им донесе среќа во љубовта, ова е време во кое тие ќе профитираат со своето знаење и деловни вештини.
Иако периодот на Рибите заврши, тие до крајот на оваа година може да очекуваат позитивни промени во областа на наследството, имотот и парите од други луѓе. Среќата веќе не е нешто далечно и недостижно, таа ќе стане сојузник на Рибата.
Во втората половина на годината Рибите ќе се ослободат од некои тешкотии. Ќе дишат со полн здив и ќе сфатат дека се блиску до остварување на еден сон. Доколку тргнат по патот на својот личен развој, ќе доживеат извонредна трансформација.
Извор : makedonijadenes.com.mk