Благодарение на нејзиниот фантастичен изглед, малкумина можат да поверуваат дека Џенифер Лопез има всушност 47 години.
Убавата пејачка редовно вежба и внимава на исхраната, а за US Weekly открила кои три работи никогаш не ги конзумира, по цена на добриот изглед и здравје.
“Не пушам, не пијам алкохол и не пијам кафе.. во ретките прилики кога ќе добијам желба за кафе, нарачувам безкофеинско”, изјавила Џенифер и објаснила: “Овие работи навистина ја уништуваат кожата”.. Покрај избегнувањето на овие три пороци, Џенифер задолжително спие седум до осум часа навечер, јаде многу зеленчук и внимава во нејзината исхрана да има и многу протеини.
Затоа, нареден пат кога ќе тргнете да се напиете чашка жестоко или кафе, потсетете се како изгледа Џеј Ло и заменете ја чашата алкохол или кофеин со природен сок или вода.
Всушност, сè што јаде Џенифер е од органско потекло. Таа никогаш не конзумира преработена храна, како индустриските грицки, слатки, чипсови, буквално се што е спакувано во ќесичка со воздух, иако поради честите деловни обврски може да падне во искушение.
“Токму поради тоа секогаш имам здрави грицки во чанта, како зеленчук или овошје”, открила латино дивата.
За ручек најчесто јаде лосос и салата од брокули, пиперки и тиквички. Ужива и во комбинации од кел и сирење во интегрален тост со семки, додека за вечера јаде свинско или пилешко парче месо на скара со киноа.
Сепак, заносната пејачка има и свои слабости. Таа понекогаш може “да згреши” со домашен сладолед од чоколадо или со кекси со парчиња темно чоколадо. Фигурата ја одржува со секојдневните тренинзи со приватни инструктори.