Категории

НЕВЕРОЈАТНО: Досега родила 38 деца, а има само 37 години

Жена од Уганда на возраст од 37 години има 38 деца, меѓу кои четири тројки, три четворки, наведуваат локалните медиуми.

Мариам Набатанзи од селото Кабимбири, кое се наоѓа на 50 км северозападно од Кампала, ги добила сите деца со еден сопруг кој е полигамист.

– Децата се на возраст меѓу четири месеци и 23 години, изјави локалниот советник Самари Мусенро за ДПА. Десет деца се женски, а другите се машки.

Локалните политичари побарале помош од Владата за жената која се омажила кога имала 12 години и првпат родила на 14-годишна возраст, и тоа близнаци. Нејзиниот татко има 45 деца со неколку жени.

Прегледи:
340
Објавено на:
27.04.2017