Ако се прашувавте кој е хороскопскиот знак кој воопшто нема да се замисли дали да ве откачи штом го изнервирате тоа е Водолијата.
Водолиите се претставуваат на два начини: од една страна како срамежливи и мирни, а од друга неверојатно ексцентрични и енергични.
И во двата случаи станува збор за длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Високо интелектуален, овој знак кој го карактеризира независност која совршено е надополнета од интуиција и логика.
И двата вида личности се способни да ги забележат, без предрасуди, и двете страни, што ги прави одлични во решавање на голем број проблеми.
Иако многу се прилагодливи на енергијата која ги опкружува, Водолиите имаат длабока потреба да бидат сами и далеку од сè за да може да ја обноват енергијата.