Категории

Што СЕ` Фејсбук ЗНАЕ ЗА ВАС?

Цукерберг знае прилично доста информации за вас.

Фејсбук има приближно две милијарди корисници. Ако замислиме дека е земја, таа би била најголемата на светот со 1.39 милијарди логирања секојдневно.

Социјалната мрежа претежно е слободна содржина на која корисниците се присутни во просек еден час дневно. Исто така, Фејсбук поседува популарни страни како Инстаграм што значи дека може да собере доста информации за своите корисници.

Овие информации се делат на компаниите за реклами – со цел да се зголемат шансите за интеракција со реклами, па корисниците се ставаат во вакви категории.

Фото: Bridie Pearson-Jones

Ова е само врвот на ледениот брег од информации кои Фејсбук ги чува за вас – компанијата може да види кои се вашите интереси, вашата меил платформа, каков телефон користите, вашиот роденден и детали за вашите пријатели и семејство. Предвидувањата се направени врз основа на тоа како реагирате со другите сметки и реклами – во и надвор од страната.

Тие се базирани на страници кои ви се допаднале, статуси, што сакаат вашите пријатели и комуникацијата и вашата кариера – и овие информации Фејсбук овозможува да бидат јавни.

Фото: Bridie Pearson-Jones

Легално, Фејсбук може да го прави ова, со оглед на тоа што ова се информации кои доброволно се согласуваме да ги дадеме при користење на страницата.

Тука можете да го проверите вашиот рекламен профил (кликнете „Your Information > Your Categories). Можете да ја избришете било која група за која мислите дека не одговарате – нема да влијае врз бројот на реклами кои ги гледате, туку ќе ги направи повеќе случајни.

Ова е потсетник дека треба да бидете претпазливи додека ги користите социјалните медиуми, особено ако сте загрижени за вашата приватност.

извор:факултети.мк Фото: Getty Images

Прегледи:
317
Објавено на:
02.05.2017