Семејство од Њујорк не ни сонувала дека една распродажба одржана во 2007 година засекогаш ќе им го смени животот. Сепак, излегло дека некој од семејството имал „око за драгоцености“.
Семејството, кое сакало да остане анонимно, забележале мал бел сад и го купиле за само три долари.
Но, зад ниската цена која е стандардна за ваквите распродажби, се криел предмет со неверојатна вредност. Откако садот со години го држеле над каминот, решиле да го однесат на стручна проценка.
Експертите од аукциската куќа Sotheby’s набрзо процениле дека се работи за 1000 години стар предмет од кинеската династија Сонг. Освен тоа, велат дека постои уште еден таков примерок на целиот свет.
Проценителите на садот му одредиле вредност помеѓу 200 000 и 300 000 долари, но на крајот во 2013 година колекционер го купил за неверојатни 2 225 000 долари.