Категории

ПРОВЕРЕНО: Еве како да направите природен омекнувач за алишта

За љубителите на природно, што не штети на околината, а се однесува на одржување на домот, им предлагаме сами да си направат оменувач за облека.

Знаеме дека има разни видови, но ви донесуваме испробан рецепт кој се покажа како многу добар.

Состојки:

100 гр сода бикарбона
150 мл млака вода
800 мл алкохолен оцет
етерично масло по избор

Измешајте вода и оцет и полека додајте сода бикарбона, постојано мешајќи. Почекајте да заврши реакцијата помеѓу содата и оцетот – многу е пенеста. Затоа измешајте ги состојките во некој поголем сад.

Додајте 10-15 капки етерично масло по ваша желба. Смесата ставете ја во шише, а потоа ставајте во делот за омекнувач во машината за перење.

Од етеричните масла можете да искористите комбинации како лимон-лаванда или чајно дрво – еукалиптус.

Прегледи:
797
Објавено на:
16.05.2017