Париз, градот на светлината и можеби најромантичниот град на светот, нема некој кој не би сакал да го посети и да помине посебни моменти во него.
Во кој дел од денот е Париз најубав? Нема конкретен одговор на ова, некои го сакаат сончевиот ден, некои ја сакаат ноќта и светлата на Ајфеловата кула, но оваа девојка го искусила изгрејсонцето во Париз, а SoloSophie тоа го пренесува на нејзиниот блог.
Таа раскажува „Ладно е и ветровито. Рацете ми се заледени. Очите ми солзат и маскарата ми се разлева. Не ми е гајле. Кафе во едната рака и камера во другата. Го гледам изгрејсонцето во Париз.“
Нема ништо како првиот утрински зрак, будењето на новиот ден. Тоа е посебна енергија која ја чуствуваш со целото тело, а само можеме да претпоставиме колку е тоа чуство магично кога се наоѓаш во Париз.
Стоејќи пред грандиозната Ајфелова кула, со сиот мир и спокој да го гледаш златното небо, само од фотографиите тоа изгледа неверојатно, а во живо…можеме само да претпоставуваме додека не ја поминеме муграта во Париз.