Архивата за скриени фотографски богаства Flickr Commons се збогати со стари фотографии од југоисточна Франција кои сведочат за некои други времиња.
Médiathèques Valence Romans Agglo е мрежа од 14 библиотеки од регионот и неодамна објавиле 65.000 парчиња од историско богатство, сега достапни за јавното око на Flickr.
Моментално се прикачуваат голем број на фотографии, главно направени во доцниот 19-ти и почетокот на 20-ти век, а нудат фасцинантен поглед во Француската култура во тој период.