Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а повеќе облачност ќе има претпладне во западните делови кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.
Од утре времето ќе се стабилизира со пораст на температурата, за во четврток Управата за хидрометеролошки работи да најави повторно можна локална појава на краткотраен дожд.
Затоа, пак, граѓаните ќе имаат можност да си го искористат продолжениот викенд за да отпатуваат негде.
Имено, временската прогноза им оди на рака па таквите планови, со оглед на тоа дека н 24,25 и26 јуни температурите нема да се спуштат под 30 степен.