Категории

Иванка Трамп обвинета за модна кражба

Семејството Трамп никако да се ослободи од бројните скандали а еден од најжестоките е спорот помеѓу италијанскиот бренд за чевли Aquazzura кој ја тужи Иванка Трамп за плагијат на еден од нивните производи, моделот на чевли ‘Wild Thing’ кој брендот на Трамп IT Collection го продава под називот ‘Hettie’. Едногодишната драма сега кулминира на суд каде Иванка треба да поднесе своевидни докази за својот продукт.

Судијката на U.S. District Judge во Менхетен, Кетрин Форест и нареди на Трамп да се подготви за двочасовно судење каде треба да одговори на сите поставени прашања во врска со дизајнот на чевлите. Изјавено е дека овој прекршок ќе влијае врз позицијата која Иванка ја има во Белата куќа па таа наскоро ќе биде ослободена од својата должност како асистент на претседателот Доналд Трамп.

За овој спор Иванка се огради од секакви обвинувања дека извршила ‘кражба’ на дизајнот и при тоа изјави:

“Немам никаква врска со концепцијата, дизајнот, продукцијата и продажбата на ‘Hettie’ чевлите. Мојата улога е лимитарана заклучно со изнесувањето на финалниот продукт и негово одобрување за продажба на пазарот од страна на креативниот тим на мојата компанија’.

Прегледи:
516
Објавено на:
25.06.2017