Категории

Како се справуваат паметните луѓе со токсичните личности?

Токсичните луѓе и пркосат на логиката. Некои од нив не се свесни за негативното влијание што го шират на околината, додека пак, други уживаат да создаваат хаос и да го тестираат трпението на луѓето околу нив. Во секој случај, станува збор за луѓе кои предизвикуваат непријатност, расправии и најлошо од се – стрес.

Истражувањата покажуваат дека стресот може да има трајно, негативно влијание врз мозокот. Изложувањето на подолготраен стрес, предизвикува и намалување на меморијата, што претставува меѓу другото и закана за вашиот успех. Способноста да ги контролирате емоциите и да останете смирени под притисок, има големо влијание во справувањето со негативните луѓе. Во продолжение издвојуваме шест ефективни стратегии за справување со токсични луѓе.

Вие ги поставувате границиите ( посебно со личности кои постојано се жалат)

Личностите кои постојано се жалат и негативните луѓе се “лоша вест” бидејќи тонат во своите проблеми и наместо да се фокусираат, бегаат од решението на проблемот. Сакаат луѓето да се придружат на нивната “сожалувачка забава” за да се чувствуваат подобро. Овие личности многу често е тешко да ги сослушате бидејќи сметаат дека нивниот проблем е сечиј проблем и пренесуваат негативност поради која се чувствувате истоштено откако ќе поминете време во нивно друштво. Ова може да се избегне доколку поставите граница, на тој начин што ќе ги прекинете во долгото излагање, прашувајќи ги како планираат да го решат проблемот. По ова прашање тие или ќе замолчат или пак ќе го пренасочат разговорот во продуктивна насока.

Успевате да се издигнете над нив

Токсичните луѓе ве излудуваат бидејќи нивното однесување е иритантно. Зошто би дозволиле да ве вовлечат во својата негативност и да допрат до вас и вашите емоции? Престанете да се обидувате да ги победите во нивната игра. Дистанцирајте се од нив бидејќи немате обврска да сочувствувате со нивниот емоционален хаос – туку само со фактите.

Не дозволувајте никој да ја ограничи вашата среќа

Доколку вашата среќа и задоволство произлегува од мислењето на другите луѓе, тогаш вие не управувате со својата среќа. Емоционално интелигентните луѓе чувствуваат среќа поради некој свој успех и не дозволуваат туѓото мислење да влијае на нив. Иако не е возможно да се заштитите од туѓото мислење, нема потреба да се споредувате со другите и да трошите време размислувајќи за коментарите произлезени од токсични личности, бидејќи без разлика што и да ви кажат, треба да знаете дека никогаш не сте толку добри ни лоши колку што ви велат дека сте.

Не се фокусирајте на проблемот, барајте решение

Од тоа каде ќе го фокусирате вашето внимание зависи вашата емоционална состојба. Доколку се сконцентрирате на проблемот со кој се соочувате, добивате само пролонгирање на стресот и негативните емоции. Но, доколку превземете акција да се подобрите себе си и околностите, создавате сопствена ефикасност која произведува позитивни емоции и ве ослободува од стресот. Кога станува збор за токсичните луѓе, со фокусирање на тоа колку се луди и тешки карактери, им давате моќ над вас. Затоа, престанете да размислувате на тој начин и превземете нешто за да се справите со нив. На овој начин ќе се ослободите од големо количество стрес кое го чувствувате при интеракцијата со нив.

Не заборавајте

Емоционално интелигентните луѓе лесно простуваат, но тоа не значи и дека забораваат. Простувањето значи дека сте преминале преку одреден проблем, само за да продолжите понатаму. Но, не значи дека ќе дадете втора шанса на тој кој ви згрешил. Успешните луѓе не дозволуваат да ги мачат туѓите грешки, па затоа поминуваат преку тоа со цел да избегнат слични ситуации во иднина кои би им наштетиле.

Наспијте се доволно

Сонот има големо влијание врз емоционалната интелигенција и справувањето со стресот. Кога спиете, вашиот мозок буквално се полни, се преплетува низ сеќавањата од претходниот ден и ги складира или пак, ги отфрла (поради што доаѓа до соништа), се со цел да се разбудите со “бистра глава”. Самоконтролата, вниманието и меморијата се намалуваат кога не сте доволно наспани. Недостатокот на сон, сам по себе го поттикнува хормонот за стрес, дури и тогаш кога не е предизвикан од некоја личност. Добриот сон ве прави позитивни, креативни и ви овозможува полесно да се справите со токсичните личности.

 

 

Прегледи:
637
Објавено на:
27.06.2017